+389 2 3113 059

МАГИСТЕРСКИ ТРУД – НИКОЛА СПАСОВСКИ

Автор: Никола Спасовски
Наслов: Дискриминација на жените на пазарот на труд во Република Северна Македонија
Година: 2020
Студиска програма: Родови студии

Апстракт

Иако во значителен дел од историјата жените не биле вклучени во формални платени форми на работа, тие отсекогаш работеле и извршувале различни видови на работа. Нивната подредена положба во општеството довела до ускратување на бројни права и до дискриминација во речиси сите области од животот. Дискриминацијата на жените на пазарот на трудот започнува уште при процесот на вработување и продолжува преку професионалната родова сегрегација, која се манифестира преку распределба на жените и мажите во различни сектори, занимања и позиции на работното место.

Бремените жени и мајките често се изложени на дискриминација, а иако ретко се пријавува, сексуалното вознемирување на работното место не е исклучок. Овие проблеми се присутни глобално, вклучително и во Република Северна Македонија, што ја наметнува потребата од нивно системско решавање и унапредување на заштитата на правата на жените на пазарот на труд. Целта на овој магистерски труд е да се утврди дали жените се соочуваат со дискриминација, чувство на инфериорност или злоупотреба за време на своето работно искуство, преку анализа на правната рамка, релевантните политики и спроведување емпириско истражување.

Клучни зборови

дискриминација, пазар на труд, родова еднаквост

📄 Преземи магистерски труд (PDF)

https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Магистерски-труд-Никола-Спасовски.pdf