+389 2 3113 059

ПОВИК ЗА УПИСИ НА НЕФОРМАЛНАТА ШКОЛА „ФЕМИНИСТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ“

Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со задоволство го објавува повикот за упис на партиципанти за неформалната школа „Феминистичко образование за сите“ која ќе се одржи од октомври до декември 2022. Оваа година, посебниот фокус е на младите и нивното запознавање на суштинската врска меѓу феминизмот, родовите студии и ЛГБТИ+ теоријата и движењето. Предоминантната тема или методски пристап е интерсекцискиот феминизам.

Школата е поддржана од страна на фондацијата Kvinna till Kvinna. Институтот во рамките на својата наставна дејност спроведува и магистерски студии по род, а целта на оваа школа е да се доближи темата и знаењата од таа област до што поголема популација и потенцијални активисти – пристапот е таков што им овозможува разбирлива настава и на жените од руралните средини, и другите демографски непривилигирани групи. По завршувањето на школата институтот ќе издаде сертификат со пресметана вредност во ЕКТС кредити кој би им послужил на оние што студираат или учествуваат во програми на доживотно учење.

Институтот посебно ги поттикнува младите жени и девојки, лицата од различна етничка припадност, род, различни видови на попреченост, различни места на живеење како и лица со различен економски статус, кои се интересираат за темата, без разлика на своето претходното образование или искуство од областа да аплицираат за учество на школата.

Предавањата ќе бидат online и ќе започнуваат во 18:30 часот во денови од втората половина на работната недела. Деталниот курикулум ќе биде објавен во септември, 2022. Претходно ќе бидат одржани и две физички јавни предавања во регионот на Полог и руралното подрачје на Скопскиот регион.

Aпликацијата можете да ја пополните на линкот подолу. Доколку имате дополнителни прашања Ве молиме да не контактирате на следниве електронски адреси: info@isshs.edu.mk и kalina.lechevska@isshs.edu.mk