+389 2 3113 059
enmk

ВТОР УПИСЕН РОК

30 May 2017

ВТОР УПИСЕН РОК

Во последната недела од истекот на уписниот рок за прием на студенти на постдипломските студии кои ги нуди ИОХН-С ни пристигнаа многу барања за продолжување на уписниот рок поради неможноста на дел од заинтересираните кандидати да ги комплетираат бараните документи за упис. Со таа цел раководството на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје реши да излезе во пресрет на барањата и да распише ВТОР УПИСЕН РОК за прием на студенти за една од трите студиски програми кои ги нуди Институтот. Почитувајќи го распоредот на наставата моравме да определиме рок покус од две недели, а тоа е 08 октомври 2014 година. Потребните документи за упис како и основните информации поврзани со студиските програми сите заинтересирани можат да ги најдат на интернет страната на Институтот www.isshs.edu.mk. За сите дополнителни прашања во врска со постдипломските студии можете да не посетите во просториите на Институтот (20-ти Октомври, бр.8/2 кат, 1000 Скопје) или да се јавите на телефонските броеви 072 30 77 04, 072 30 77 01 или 02 31 13 059.

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2014-2015 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:

(1) Родови студии
(2) Студии на културата
(3) Студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни

Услови на запишување:
– за едногодишните програми: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност

– за двегодишните програми: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

Наставата може да следи на македонски, албански и англиски јазик (зависно од потребите на студентот). Најголемиот дел од изборната и дел од задолжителната литература е достапна и на англиски.

Број на слободни места: најмногу по 15 за секоја од програмите.

Потребни документи:
– Диплома, уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредити за едногодишните магистерски студии и 3 години или 180 кредити за двегодишните) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сеуште не дипломирал/а, документ за досега положените испити а дипломата (уверението) ќе ја достави најдоцна до 08 октомври 2014.

– Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање може да се достави дополнително, пред потпишувањето на договорот во октомври 2014, а по доставувањето на електронската копија во случај на електронско аплицирање

– Пополнета пријава која може да се преземе од интернет страницата на Институтот: http://isshs.edu.mk

– Лична биографија (CV).

Уписниот рок трае до 08 октомври 2014. Пријавите со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8, 2 кат, 1000 Скопје) или електронски на info@isshs.edu.mk. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk

Директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки и одговорно лице за постдипломските програми: Проф. д-р Катерина Колозова katerina.kolozova@isshs.edu.mk

Програмски директор: Доцент д-р Артан Садику artan.sadiku@isshs.edu.mk

Контакт лица: Ристо Алексовски , Доц. д-р Викторија Боровска info@isshs.edu.mk
Тел.: +389 2 31 13 059

Leave a Reply