+389 2 3113 059

Синдикализмот: како да се изгради политички блок на работниците

Синдикализмот: како да се изгради политички блок на работниците

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со гордост Ве поканува на семинарот „Синдикализмот: како да се изгради политички блок на работниците” на Школата за политика и критика со активистите и синдикалистите Здравко Савески и Тамара Чаушидис кој ќе се одржи на 9 декември 2014-та година во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (локација http://goo.gl/XOuCga). Семинарот започнува во 17.30 часот.

Здравко Савески е професор по политички науки, синдикалист на МЕСО и активист во Левичарското движење Солидарност.

Тамара Чаушидис е синдикална активистка, новинарка и медиумски работик, таа е основач и претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија.

Семинарот ќе се осврне на градењето на синдикализмот во Македонија и потенцијалот за синдикално здружување на политички блок кој ќе ги оспори неолибералните политики за кои се залагаат сите партии на сегашниот политички спектар во Македонија. Семинарoт ќе овозможи директен увид од страна на двајца искусни синдикалисти во синдикалните процеси и работничкиот политички мотив за промена.

Школата за политика и критика се стреми кон развивање на теориските и практичните вештини на активистите во Македонија со цел тие да можат да одговорат на политичките предизвици на неолибералната политика која денес надвладува во политичкото секојдневие во општеството.

Школата директно ќе ги поддржи активистите во градење на одржлива политичка реторика преку нудење на суштински алатки за развивање на социјално и идеолошко информирана анализа и критика. Семинарите ќе овозможат простор за јакнење на знаењата, дискусија и размена во клучни теми од Марксистичката теорија и револуционерната пракса.

Школата ќе се одвива во тек на 2014-та година и методолошки ќе биде организирана во дводневни семинари кои ќе се одржуваат за време на еден викенд во секој месец на годината освен Јули и Август.

Школата се организира со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung.

Leave a Reply