+389 2 3113 059
enmk

Single Blog Title

This is a single blog caption
30 May 2017

Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество

Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Асоцијацијата за демократски иницијативи го спроведува проектот „Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество“. Реализацијата е овозможена од канцеларијата на УСАИД и Фондацијата отворено општество.

Проектот има за цел да отвори поширока општествена дебата за важноста на медиумската и новинарска слобода за општиот и индивидуален прогрес на сите граѓани. Главните активности на проектот вклучуваат: поврзување на локални и национални граѓански организации и новинарски и медиумски претставници и организации преку серија состаноци за вмрежување; организирање на јавни дискусии во седум градови во Македонија каде граѓаните се вклучуваат во директна комуникација со претставниците на медиумите и невладините организации, како и објавување на зборник со аналитички текстови кои критички ја третираат улогата на медиумите и новинарите во Македонија.

Досега се реализирани четири јавни дебати на различни теми во: Гостивар, Тетово, Прилеп и Штип на кои учествуваа претставници на медиуми, претставници на граѓански организации и медиуми.

*
„Поттикнување на истражувачко новинарство“

На 5.05.2014 година во големата сала на Советот на Општина Гостивар се одржа јавна трибина на тема „Поттикнување на истражувачко новинарство“. Целта на дискусијата беше да се отвори дискусија за потребата од соработката помеѓу претставниците на граѓанскиог сектор и новинарите во размената на информации која ќе служи како олеснителен фактор во новинарското истражување.

На дебатата говорници беа: Владо Апостолов- новинар (ССНМ), Мухамед Точи ( „Месечина“), Зоран Маџоски- новинар и Лулзим Хазири („АДИ“).

*
„Известување по граѓанска, а не етничка основа“

На 7.05.2014 година во просториите на ЦБЦ „Лоја“- Тетово се одржа јавната дебата на тема „Известување по граѓанска, а не етничка основа“. Дебатата ја отвори темата за поделеноста на медиумите по етничка основа и нивниот различен начин на информирање.

На дебатата говорници беа: Џелал Незири- (СКООП), Сретен Коцевски- (ИРЗ), Драган Антоновски -(ССНМ) и Бујар Љума (ЛОЈА).

*
„Важноста и слободата на локалните медиуми во застапувањето на граѓанските права“

На 12.05.2014 година во просториите на Градската библиотека Борка Талески- Прилеп се одржа дебатата на тема „Важноста и слободата на локалните медиуми во застапувањето на граѓанските права“. Дебатата ја отвори дискусијата за важноста на постојаната комуникација меѓу невладините организации, локалните дописници и медиумите за темите од јавен интерес да можат да добијат поголемо внимание и соодветен третман во јавноста.

На дебатата говорници беа: Ѕвездан Георгиевски (ССНМ) , Фросина Димеска (ССНМ), Зоран Илиески ( Коалиција СЕГА) и Калина Лечевска (ИОХН-С).

*
„Солидарноста на медиумите со работничките права“

На 13.05.2014 во Хотел „Оаза“- Штип се одржа јавната дебата на тема „Солидарноста на медиумите со работничките права“. Дебатата се однесуваше на моменталната ситуација во медиумскиот простор во кој приказните за кршењето на работничките права добиваат минимално внимание или воопшто не го добиваат.

На дебатата говорници беа: Тамара Чаусидис (ССНМ), Васко Лазаревски- граѓански активист, Весна Коловска- новинар и Јордан Шишовски (ИОХН-С).

*
„Подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу невладините организации и медиумите“

На 15.05.2014 во просториите на Поранешен комитет во Куманово се одржа јавна дебата на тема „Подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу невладините организации и медиумите“. Главната цел на оваа дебата беше како да се подобри соработката помеѓу невладините организации и медиумите.

На дебатата говорници беа: Тамара Чаусидис (ССНМ), Горан Манасовски (ССНМ), Марија Савовска (Акција Здруженска) и Калина Лечевска (ИОХН-С).

*
„Портретирањето на жената во македонските медиуми“

На 20.05.2014 во малата сала на НУ Центар за култура- Битола се одржа јавната дебата „Портретирањето на жената во македонските медиуми“. Темата отвори дискусија како се портретира жената во македонските медиуми и како тоа влијае врз процесите на воспоставување родова еднаквост во општеството.

На дебатата говорници беа: Уранија Пировска (МХК), Ѕвездан Георгиевски (ССНМ), Јасминка Аневска (ССНМ) и Ана Блажева (ИОХН-С).

*
„Поттикнување на активно граѓанство“

На 28.05.2014 во просториите на Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје се одржа јавна дебата под наслов „Поттикнување на активно граѓанство“. Идејата за последната јавна дебата беше како да се поттикне учеството на граѓаните во политичките процеси и како да го напуштат ставот и стравот дека не можат ништо да променат или дека ќе бидат партиски етикетирани.

На дебатата говорници беа: Катерина Колозова, Драган Антоновски, Петрит Сарачини и Бесим Небиу.

Leave a Reply