+389 2 3113 059
enmk

ДЕКОНСТРУКЦИЈА, СЕКСУАЛНОСТ, QUEER

26 May 2017

ДЕКОНСТРУКЦИЈА, СЕКСУАЛНОСТ, QUEER

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С) Ве поканува на 17.02.2013 година (недела) со почеток во 18 часот на јавно предавање на темата „Деконструкција, сексуалност, queer “, што ќе го одржи Проф. д-р Јелисавета Благојевиќ, дел од тимот на професори- можни ментори на магистерски тези на постдипломските студии на ИОХН-С (ISSHS).

„ДЕКОНСТРУКЦИЈА, СЕКСУАЛНОСТ, QUEER“

Предавањето е замислено така што од севкупното дело на Жак Дерида се изолираат сегментите кои укажуваат на придонесот на деконструкцијата (како начин на размислување кој е поврзан со Дерида) во осмислувањето на некои важни проблеми на модерната политичка филозофија, феминистичката теорија / политика и квир теоријата / политика. Деридијанското промислување на теми како што се современиот политички субјект, односот на идентитет и рАзликата, другоста, иднината која доаѓа, економијата на подарување/дарови, пријателството, итн кои во значаен начин придонеле за редефинирање на речникот на класичната политичка филозофија, и квир теоријата и политиката. Некои од темите кои ќе се дискутираат се: деконструкција и политика, поетиката на гостопримството како политика на односи со другиот, да се одговори и да се биде одговорен (секој друг е апсолутно друг), политиката на пријателството, иднината која доаѓа, поимот настан итн.

Проф. д-р Јелисавета Благојевиќ, филозофка, теоретичарка на прашањата на родот и queer студии. Професорка на Факултетот за медиуми и комуникации од Белград http://www.fmk.singidunum.ac.rs/smer-predavaci/master-studije/5-rod-i-novi-mediji/ Возбудлива авторка на теми како: љубомората, сексуалноста, субјективитетот и многу други теми за кои се верува дека и „бегаат“ на научната интерпретација

Во рамки на серијата „Јавни предавања на ИОХН-С“ досега сите заинтересирани можеа да ги проследат предавањата на професорите Сенка Анастасова, Маја Мухиќ и Игор Јованоски (членови на редовниот професорски кадар на постдипломските студии на ИОХН-С). Освен во врска со темата на предавањето, публиката има можност да постави прашања и во врска со магистерските студиски програми што ги нуди Институтот.

Предавањето ќе се одржи во новите простории за настава на Институтот, ул. „20-ти Октомври“ бр.8, 2 кат.

Leave a Reply