+389 2 3113 059

Покана за панел дискусија

Покана за панел дискусија

Датум: 16 јуни 2016 година
Град: Скопје
Место: ЕУ Инфо центар, Скопје
Организација: Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје
Ни претставува огромно задоволство да Ве поканиме на 16 јуни 2016 (четврток) со почеток во 11 часот во просториите на ЕУ Инфо центар – Скопје на панел дискусија на тема „ Технологија на заробување на држава: Случајот на Македонија 2011-2015 “. На темата ќе говорат Катерина Колозова (професорка на ИОХН-Скопје), Симонида Кацарска (Институт за европска политика ЕПИ – Скопје), Артан Садику (професор на ИОХН-Скопје) и Ана Блажева (истражувачка во ИОХН-Скопје). Модератор на панелот и воведничар е Јордан Шишовски (истражувач во ИОХН-Скопје).

Како вовед во панелот д-р Јордан Шишовски ќе ја претстави студијата на политики изработена од истражувачкиот тим на ИОХН-Скопје со наслов „ Слобода на изразување, здружување и претприемништво во заробена држава: Македонија во 2015“ (студијата е изработена со поддршка на УСАИД и ФООМ). Оваа студија ги анализира законите и политиките кои ја ограничуваат слободата на изразување и здружување. Главниот фокус е на областите на: образованието, медиумите, синдикалното здружување и штрајкот, како и на економските слободи и нивните ефекти врз малите и средни претпријатија. Во рамки на студијата се направени и студии на случаи кои даваат длабински приказ на спроведувањето на регулативите и ефектите од имплементацијата.

Агенда на настанот:

11:00-11:30 Регистрација и утринското кафе

11:30-11:45 Отворање забелешки и вовед во изучувањето: „Слобода на изразување, здружување и претприемништво во заробена држава: Македонија во 2015.“
д-р Јордан Шишовски, истражувач во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје

11:45-12:30 Панел во модерација на Јордан Шишовски од ИОХН-С
Механизми на „заробена држава“ и подемот на „илибералните демократии“ во Европа: Случајот Македонија

Панелисти:
Ана Блажева, истражувачка во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје
Симонида Кацарска, Институт за европска политика ЕПИ – Скопје
Катерина Колозова, професорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје
Артан Садику, професор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје

12:30-13:00 Дискусија

13:00-13:10 Резиме и заклучоци

Leave a Reply