+389 2 3113 059
enmk

ПОСТКОЛОНИЈАЛНА КРИТИКА И НЕЈЗИНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЛЕВИЦАТА

30 May 2017

ПОСТКОЛОНИЈАЛНА КРИТИКА И НЕЈЗИНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЛЕВИЦАТА

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со гордост Ве поканува на семинарот „Постколонијална критика и нејзините предизвици за левицата” на Школата за политика и критика со професорката Маја Мухиќ , кој ќе се одржи на 26 декември 2014-та година во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (локација http://goo.gl/XOuCga). Семинарот започнува во 18.00 часот.

Маја Мухиќ студирала филозофија, културна антропологија и родови студии. Нејзиното интердисциплинарно академско искуство го насочува нејзиниот интерес во сферата на феминистичката филозофија, теориите на мултикултурализмот, постколонијалната теорија и интерпретативна/симболичката антропологија. Во нејзините трудови таа истражува теми како што се апликабилноста на мултикултурните теории врз локалните искуства, феминистичката филозофија, како и историјата на антрополошката мисла и антрополошките парадигми, со осбен акцент врз интерпретативната антропологија.

Семинарот ќе ја третира постколонијалната критика со посебен осврт на Гајатри Спивак и Арундати Рој.

Школата за политика и критика се стреми кон развивање на теориските и практичните вештини на активистите во Македонија со цел тие да можат да одговорат на политичките предизвици на неолибералната политика која денес надвладува во политичкото секојдневие во општеството.

Школата директно ќе ги поддржи активистите во градење на одржлива политичка реторика преку нудење на суштински алатки за развивање на социјално и идеолошко информирана анализа и критика. Семинарите ќе овозможат простор за јакнење на знаењата, дискусија и размена во клучни теми од Марксистичката теорија и револуционерната пракса.

Школата се организира со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung.

Leave a Reply