+389 2 3113 059

Економска криза и марксистичка политичка економија

Економска криза и марксистичка политичка економија

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со гордост Ве поканува на семинарот „Економска криза и марксистичка политичка економија” на Школата за политика и критика со Горан Мусич , еден од најинтересните марксистички теоретичари од регионот, кој ќе се одржи на 12 и 13 декември 2014-та година во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Семинарот започнува во петок 12 декември во 18.00 часот.

Горан Мусич е теоретичар и активист, автор на серија публикации и книги за работничкото движење, дипломиран економист кој се залага за критика на денешната економија преку марксистичката политичка економија, уредник е на порталот ‘ЦрвенаКритика’. Горан Мусич моментално работи како истражувач во Универзитетот во Грац и активно го подржува работничкото и студентското движење во Србија.

Семинарот ќе се осврне на анализа на економските текови за време на кризата преку критичко преиспитување на главните идеолошки постапки од перспектива на политичката економија како и угнетувањето на работниците за цел на спасување на финансискиот сектор како и на радикалните политички потенцијали на денешното општество.

Агенда на семинарот:

Петок 12 декември
18:00 – Предавање: Економска криза и марксистичка политичка економија
19:00 – Прашања и одговори во однос на предавањето

Сабота 13 декември
16:00 – Вовед: Отпорот како афирмативна политичка акција
17:00 – Дискусија/работилница
Школата за политика и критика се стреми кон развивање на теориските и практичните вештини на активистите во Македонија со цел тие да можат да одговорат на политичките предизвици на неолибералната политика која денес надвладува во политичкото секојдневие во општеството.

Школата директно ќе ги поддржи активистите во градење на одржлива политичка реторика преку нудење на суштински алатки за развивање на социјално и идеолошко информирана анализа и критика. Семинарите ќе овозможат простор за јакнење на знаењата, дискусија и размена во клучни теми од Марксистичката теорија и револуционерната пракса.

Школата ќе се одвива во тек на 2014-та година и методолошки ќе биде организирана во дводневни семинари кои ќе се одржуваат за време на еден викенд во секој месец на годината освен Јули и Август.

Школата се организира со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung.

Leave a Reply