+389 2 3113 059
enmk

Предизвиците на радикалната левица во политичкиот процес

30 May 2017

Предизвиците на радикалната левица во политичкиот процес

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со гордост Ве поканува на шестиот семинар на Школата за политика и критика со Лудовикос Коцонопулос, член на SYRIZA и професор по политички науки на Пантеон Универзитетот во Атина, кој ќе се одржи на 31 мај 2014-та година во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (локација http://goo.gl/XOuCga). Семинарот започнува во сабота (31 мај) во 18 часот.

Семинарот “Предизвиците на радикалната левица во политичкиот процес” ќе се осврне на развојот на радикалната левица во Грција, поголемите предизвици со кои таа се соочува и кои се моменталните клучни прашања. SYRIZA е парија која произлезе од широката коалиција на радикалната левица во Грција, која на последните Европски избори одржани во недела, доби најголема поддршка од граѓаните. Семинарот ќе се осврне на неколку политички прашања како: Која е возможноста за радикален лев пресврт во Европа, и како победата на радикалната десница во некои земји влијае во општиот политички контекст во Европа? Колку радикална може да биде една партија која учествува во политичкиот процес? Кој е политичкиот простор за контестирање на капитализмот во Европската Унија од трана на радикалната левица? Кои се клучните политички заложби на радикалната левица? Дали во Макеоднија и другите Балкански земји постои потенцијал за мобилизирање на радикално левичарски политички структури?

Лудовикос Коцонопулос е политички активист на радикалната левица и професор по политички науки во Пантеон Универзитетот во Атина, Грција. Тој активно издава и пишува на теми од теоријата на државата, државата на благосостојба, историја на социологијата, и јавната политика.

Во неговата последна анализа за радикалната левица, особено за SYRIZA, Котцонопулос идентификува три историски важни елементи во нрјзиниот развој: (1) жестокиот идеолошки и политички размав претпрен од ортодоксно комунистичките партии, но истотака од евро-комунистичките и револуционерните/екстремно левичарски партии; (2) предизвикот на традиционалните организациони структури на Левите партии како резултат на појавувањето на антиглобализациското движење, и ad hoc спонтаните национални социјални движења кои се појавуваат како нови актери во политичкото поле; и (3) општествениот и политичкиот простор отворен за Радикалната Левица како резултат на свртувањето кон неолибералнизмот на социјал-демократијата, кој сеуште трае.

Школата за политика и критика се стреми кон развивање на теориските и практичните вештини на активистите во Македонија со цел тие да можат да одговорат на политичките предизвици на неолибералната политика која денес надвладува во политичкото секојдневие во општеството.

Школата директно ќе ги поддржи активистите во градење на одржлива политичка реторика преку нудење на суштински алатки за развивање на социјално и идеолошко информирана анализа и критика. Семинарите ќе овозможат простор за јакнење на знаењата, дискусија и размена во клучни теми од Марксистичката теорија и револуционерната пракса.

Школата ќе се одвива во тек на 2014-та година и методолошки ќе биде организирана во дводневни семинари кои ќе се одржуваат за време на еден викенд во секој месец на годината освен Јули и Август.

Школата се организира со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung.

Ве молиме да го потврдите вашето присуство на семинарот на: info@isshs.edu.mk

Leave a Reply