+389 2 3113 059
enmk

Промоција на книга

30 May 2017

Промоција на книга

Со огромно задоволство Ве покануваме на промоцијата на книгата „On Macedonian Matters: From the Partition and Annexation of Macedonia in 1913 to the Present“ (München/ Berlin: Verlag Otto Sagner, 2015) приредена од професорите Виктор Фридман (University of Chicago) и Џим Хлавак (Monash University). Промоцијата ќе се одржи на 10 јули (петок), со почеток во 12.30 часот, во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ул.20 Октомври, бр.8/2 кат, 1000 Скопје).
Книгата ќе ја промовираат: Џорџ Влахов и Васко Настевски

Ве очекуваме.
——————————————————-
On Macedonian Matters: from the Partition and Annexation of Macedonia in 1913 to the Present: A Collection of Essays on Language, Culture and History (München/ Berlin: Verlag Otto Sagner, 2015)

После падот на комунизмот во 1989, меѓуграничната соработка меѓу соседните држави стана особина на проектот „заеднички европски дом“. Македонија е истакнат пример на исклучок од овој тренд, денес сѐ уште е подложна на политика на блокади и отсуство на почит и признавање на македонскиот јазик, националност и етничност. Како дел од Европа под Османлиите сѐ до 1912, Македонија не беше толку многу зафатена од примамливоста на национал-романтизмот од другите региони на Европа, и таму се појави ембрионска идеја за мултинационална држава. Оваа идеја беше повеќе втемелена на локалните и регионални практики што вклучуваат групи со различни јазични, културни и религиозни наследства, отколку да биде втемелена ексклузивно на етничка или религиозна припадност. Ваквиот концепт за `нација` што се чини дека може да биде модел за тежнеење на многу пост-индустриски, мулти-културни општества во Западна Европа во 21 век беше потисната од национализмот на 19-ти век што сѐ уште во голема мера ја карактеризира европската политика. Оваа мултидисциплинарна книга од 15 текстови содржи придонеси од историчари, политички аналитичари, општествени теоретичари, лингвисти, воспитувачи и правни специјалисти кои ги следат последиците од Балканските војни (1912-1913) и разделувањето на Македонија на општествениот, културниот и лингвистичкиот пејзаж на овој регион.

Leave a Reply