+389 2 3113 059
enmk

Со читање до лидерство

12 Jun 2017

Со читање до лидерство

Моментално Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје го спроведува проектот „Со читање до лидерство“ со финансиска поддршка од УСАИД. Проектот се изработува под водство на Фондацијата „Чекор по чекор“ – Македонија, со времетраење од мај 2013 до ноември 2015.

Проектот се спроведува во одбрани училишта од сите региони во државата и придонесува за подобрување на јазичните и математичките вештини на учениците од почетните одделенија, зајакнување на педагошките вештини на наставниците и подигање на свеста кајцелата заедница за важноста од јазичната и математичката писменост.

Проектот нуди иновативни и креативни пристапи и активности како и дигитална библиотека на материјали за учење соодветни за возраста на учениците. Инструментите развиени од УСАИД за мерење на постигнувањата по јазична и математичка писменост, ЕГРА и ЕГМА, се спроведуваат на македонски и албански јазик за прв пат во државата.

Leave a Reply