+389 2 3113 059

Конкурс за упис на студенти на постдипломски студии за Академската 2021/2022 година /Прв уписен рок/

Конкурс за упис на студенти на постдипломски студии за Академската 2021/2022 година /Прв уписен рок/

 

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје објавува
КОНКУРС
за академската 2021-2022 година
за упис на студенти на магистерски студии од следниве области:

-Студии на политиките (policy studies), едногодишни и двегодишни
-Родови студии, едногодишни

ПРВ УПИСЕН РОК
(03 јуни 2021 – 30 јули 2021)

Услови на запишување:
– за едногодишните студии: 4 години додипломски студии (или стекнати 240 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.
– за двегодишните студии: 3 години додипломски студии (или стекнати 180 кредити според ЕКТС) од областите на општествените и хуманистичките науки. Високиот успех не е услов, иако претставува предност.

Голем дел од наставниот материјал е достапен и на англиски јазик, па затоа се очекува студентите солидно да го владеат овој странски јазик.

Број на слободни места: 20

Потребни документи:
– Пополнета пријава за упис на студии може да се преземе од интернет страницата на Институтот: www.isshs.edu.mk (под рубриката „Студиски програми“ која се наоѓа во менито на македонската верзија на страницата) или од линкот подолу.
– Диплома или уверение за завршени студии од прв циклус (4 години или 240 кредита за едногодишните студии, односно 3 години или 180 кредити за двегодишните студии) од областите на општествените и хуманистичките науки или, доколку кандидатката/кандидатот сѐ уште не дипломирал/а, може да достави документ за досега положените испити, а дипломата (уверението) ќе ја достави дополнително пред потпишувањето на договорот за упис. Нотарски заверената копија од дипломата/уверението за дипломирање се доставува и во тврда копија пред потпишувањето на договорот за студирање.
– Лична биографија (CV).

Првиот уписен рок трае до 30 јули 2021. Пријавата со придружните документи можат да се достават по пошта на адресата на Институтот (ул. „20 октомври“ бр. 8-2, 1000 Скопје) или електронски на [email protected]. Интернет страницата на Институтот е на следнава адреса: www.isshs.edu.mk

Трошоци на студирање:
– За едногодишните студиски програми цената е 550 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 250 евра во денарска противвредност.

– За двегодишните студиски програми цената е 800 евра во денарска противвредност, во оваа сума спаѓаат сите трошоци за студирањето како и материјалите за студирање. Одбраната на магистерската теза се плаќа одделно и чини 250 евра во денарска противвредност.

Ве известуваме дека Институтот овозможува школарината да се плаќа на рати.

Институцијата е носител на Ерзмус чартер за високото образование во Европа 2021-2027. Оценката за доделување на чартерот може да ја пронајдете овде каде што се подвлекува посветеноста на Институтот на меѓународната академска димензија и неговото солидно разбирање на целите и вредностите на Еразмус програмата. Преку Еразмус+ шемата за мобилност на студенти и наставен кадар помеѓу високообразовни установи од програмските земји (ЕУ членките и Северна Македонија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Србија), овозможуваме директна проодност во европските високообразовни институции по пат на „Европскиот кредит трансфер систем“ според кој работи Институтот (како и сите акредитирани високообразовни установи во земјава). Така, со добар дел од кредитите стекнати во други високообразовни установи во Европа и извесен број стекнати во домашната установа, може да ја одбраните својата магистерска теза на Институтот. Институтот во моментот има потпишано договори  за размена на студенти и професори со неколку универзитети од овие земји, како што се: Централно Европски Универзитет (ЦЕУ, Виена), Универзитетот Гисен (од Германија), Универзитетот Утрехт (од Холандија), Универзитетот Македонија (од Грција), Универзитетот Пловдив (од Бугарија), Факултетот за медиуми и комуникација, Белград (од Србија) и Универзитетот Пантеон од Атина (Грција).  Заинтересираните студенти запишани на Институтот ќе имаат можност дел од своето образование да го поминат на некој од овие универзитети

Институтот располага со библиотека од над 1000 наслови на физички книги и повеќе од 1000 наслови на сертифицирани електронски книги и стручни списанија.

Бројни меѓународни имиња со статус на визитинг професор може да станат ваши ментори. Листата на визитинг и домашни постојано ангажирани или визитинг професори може да ја видите на овој линк

Лица за контакт: Ристо Алексовски и проф. Викторија Боровска (координаторка на постдипломските програми), достапни на [email protected][email protected], [email protected] и на тел/факс.: +389 2 31 13 059 / 070 894 174

Забелешка: Поради ситуација со Ковид-19, Институтот најавува дека во зависност од ситуацијата и препораките од Министерството за образование и наука, можно е наставата да се одвива on-line.

ПРИЈАВА ЗА УПИС НА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

PARAQITJE PËR REGJISTRIM

Erasmus Higher Education Charter Award for Quality for 2021-2027

Evaluation Summary