МАГИСТЕРСКИ ТРУД – ЏЕНЕТА ТУША
Автор: Џенета Туша
Наслов: Медиумско покривање на цистичната фиброза и политиките за ретки болести во Република Северна Македонија
Година: 2024
Студиска програма: Студии на политики
Апстракт
Ова истражување има за цел да ја испита медиумската покриеност на цистичната фиброза (ЦФ) во Северна Македонија и да го анализира влијанието на медиумите врз јавната свест за ретките болести. Со примена на комбиниран методолошки пристап – анализа на медиумски содржини, анкети и вести поврзани со јавната и институционалната перцепција – истражувањето ја разгледува врската меѓу медиумското присуство на ЦФ и разбирањето на оваа болест кај пошироката јавност.
Резултатите покажуваат дека медиумското покривање на ЦФ е ограничено, што води до погрешни претстави и недоволна информираност. Сепак, истражувањето утврди позитивна врска меѓу зголеменото медиумско присуство и подигањето на јавната свест и поддршка за лицата со ретки болести. Недостатокот на интерес и активности од страна на институциите – како министерствата, креаторите на политики и Фондот за здравство – останува сериозен проблем, иако јавноста покажува се поголема информираност и емпатија.
Трудот укажува на потребата од поинтензивна медиумска ангажираност, попрецизно и етичко известување и вклучување на надлежните институции во креирањето на поддржувачки политики за пациентите со ретки болести. Во заклучок, се потенцира дека медиумите можат да играат клучна улога во поттикнување општествени промени и подобрување на здравствените исходи кај оваа ранлива група.
Клучни зборови
медиуми, цистична фиброза, ретки болести, јавна свест, Трикафта, политики во здравство
Преземи магистерски труд
https://www.isshs.edu.mk/wp-content/uploads/2026/01/Master-Thesis-Xheneta-Tusha.pdf
